Вкусна кашичка со кајсија и банана (6+)

Споделете со пријателите

Свежите кајсии се одличен извор на витамин А и витамин Ц (кај сувите кајсии витаминот Ц се губи со сушењето). Тие исто така се одличен извор на растителни влакна, една кајсија содржи околу 3 g.

Влакната во кајсиите се одлични затоа што можат да му помогнат на вашето малечко во полесно празнење на цревата, што може да биде проблем на почетокот на воведување на дохрана.

Поради промена во храната што ја прима бебето и неговиот недоволно развиен гастроинтестинален тракт, често пати на почетокот на дохраната кај бебињата се јавува констипација која може да трае и до 10 дена.

Состојки:

  • 3 кајсии
  • ½ банана(зрела)
  • по потреба малку мајчино или АД млеко.

Подготовка:

Кајсиите излупете ги и заедно со бананата ставете во блендер. За помалку од минутка ќе имате вкусна домашна кашичка за вашето бебенце.

На здравје малечко!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *