Од серијата лесни десерти овој е најлесен, од најлесниот полесен! 😊
Потребно ви е само:
- 150 ml јогурт
- 1 банана
- потоа по желба можете да додадете какво било овошје што го имате дома.
Од оваа количина на намирници мене ми излезе количина на сладолед за двајца. Можете да си направите дупла доза со 2 банани и малку повеќе јогурт.
Подготовка:
Ги блендирате бананата и јогуртот, и течноста ја ставате во некој сад (ако имате силиконски калап ќе биде супер лесно после за вадење, а можете и во калапи за мафини).
На крај го додавате овошјето и оставате да се замрзне околу 2-3 часа, но не многу долго за да не стане овошјето многу тврдо.
Јас ставив праски, кајсии (насечкани на ситни мали коцки) и домашни малини. Вториот пат наместо малини ставив боровинки (сликите тука се од вториот пат).

Освежувачко, нискокалоричнo, вкусно и ладно! Совршено за овие топли денови!
Ве очекувам со слики дека сте направиле. 😉
Оставам и линк од објавата на рецептот на инстаграм за верзијата со малини.








