Вкусна кашичка со печен сладок компир, јаболко и крушка (7+)

Споделете со пријателите

Идеи за бебешки оброци се секогаш добредојдени и тоа особено затоа што ние мајките сакаме секој ден нашето малечко да има различен, здрав и нутритивен оброк.

Во утринските кашички кои ги подготвувам за Ана, вообичаено го комбинирам овошје со некоја житарка или пак додавам сладок компир, некогаш авокадо, се со цел да ја “зајакнам” енергетската вредност на кашичката. Многу често додавам и кокосово масло, а во зеленчуковите кашички маслиново масло.

Денешната комбинација е сладок компир со овошје.

Состојки:

  • 3 тркалца сладок компир
  • 1 крушка
  • 1 помало јаболко
  • малку сок од компот од сливи (без шеќер) – можете да додадете и АД или мајчино млеко или пак некој друг сок без шеќер
  • малку цимет (1/4 лажичка).

Начин на подготовка:

Компирот, јаболкото и крушката ги лупите и ги сечкате на коцки. Јас ги ставив во мал огноотпорен сад и ги покрив со фолија, па ги ставив да се печат, околу половина час на 170˚С.

Кога ќе омекнат целосно, тргнете ги и оставете ги малку да се заладат.

Потоа со виљушка или пак во блендер додадете го сокот или млекото (зависно што користите) и додадете малку цимет. Кога ќе добиете хомогена каша, послужете ја на вашето малечко.

Оваа комбинација на намирници е толку вкусна што и јас да требаше би ја јадела 😊

На здравје бебенце!


Можеби ќе ве интересира:

Која количина на храна е доволна за бебиња од 6 месечна возраст и деца до 2 години?

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *