Обожавам песто, не знам дали поради босилекот или текстурата, но вкусот ми е незаменлив. Ретко го јадам со тестенини, доволно ми е кремаст и енергетски густ, па најчесто го јадам само со домат, а понекогаш и со интегрален леб.
Неколку пати купив готов од маркет и се разочарав. Готвите песто сосови имаат премногу масло и сол.
Сум го правела многу пати, но овој пат навистина ги погодив мерките и затоа сакам да ги споделам. 🙂
Овој намаз е одличен за совршен и баласниран појадок кој е готов за 3 минути. Намачкајте две парчиња интегрален леб со намазот, наросете малку семки од тиква и сусам. За свежина комбинирајте со свежи домати.

Кога сме кај интегрално лепче сакам да споделам мое искуство. Откако го открив го користам само @lebotnamama, имаат достава до врата секаде во Скопје, а лебот им е вистински, здрав деликатес. Го прават од органска ‘ртена пченица и тоа 72 часа, нема адитиви и конзерванси и е сосема природен. Освен лебот прават и одличен хумус и тоа во 4 верзии: обичен, лут, со леќа и со цвекло.
Лепче со хумус, семиња и некој свеж зеленчук е уште една опција за балансиран појадок.
Многу ви се расприкажав и забегав целосно! 😊
Доаѓам до рецептот за пестото, тој ми беше key point денес. 😊
Состојки:
- 100 g непечени индиски ореви (киснати во вода барем 2-3 часа)
- 1 китка босилек
- 1 младо лукче
- 30-40 g кравјо сирење
- 3 лажици маслиново масло
- малку сок од лимон
- малку хималајска сол.
Фрлете им ја водата на индиските, измијте ги уште еднаш и сите состојки ставете ги во блендер. За 1 минута ќе добиете хомогена смеса како на сликата.

Чувајте го во стаклена тегличка во фрижидер, претпоставувам дека ќе стои 4-5 дена сигурно, но немам искуство во тоа да го оставам толку долго за да ви потврдам. 😊
Може да го комбинирате во многу оброци, притоа правејќи ги посебни и неверојатно вкусни.
На здравје!








