Нега на лице со банана – домашни маски

Споделете со пријателите

Понекогаш за негувана и убава кожа треба навистина малку и не секогаш скапите третмани, креми и лосиони се магични. Многу намирници кои секојдневно ги користиме во кујната и кои ги јадеме можат да се нанесуваат и на кожата и притоа да добиеме еден одличен третман и нега кои доколку ги практикуваме почесто можат навистина да направат чуда за нашата кожа.

Една таква намирници која може да се користи и за јадење и за супер нега е бананата која е богата со моќни антиоксиданси, активни фитохемикалии и вода. Бананата ја храни и ревитализира сувата кожа, но од друга страна ја мазни, освежува и подмладува и кожата со брчки. Исто така бананата е одлична и кај кожа подложна на акни, намалувајќи ја и контролирајќи ја маснотијата во кожата.

Зошто да ја користите бананата во козметички цели?

Богатиот нутритивен состав на банана оди во прилог и кога е во прашање негата на кожата. Таа содржи голема количина на калиум кој ја хидрира и влажни дехидрираната кожа, содржи и Б-витамини кои ја штитат кожата од слободните радикали кои предизвикуваат оксидативен стрес и предвремено стареење.

Бананата содржи и витамин А кој ја заздравува сувата и исушена кожа, избледува лузни од акни и темни дамки, содржи и цинк кој се бори против акни предизвикани од бактерии.

Дополнително бананата содржи и витамин Ц кој е неопходен за производство на колаген, тој се бори и против слободните радикали, но се користи и кај масна кожа, содржи и витамин Е кој ја штити кожата од УВ зраците и го забавува процесот на стареење.

Бананата содржи и лектини кои ги уништуваат бактериите кои предизвикуваат акни и мозолчиња, но содржи и аминокиселини кои ја хранат кожата, го зајакнуваат сврзното ткиво и помагаат во одржувањето на еластичноста на кожата.

Благодарение на богатиот состав бананата е одлична за сите типови на кожа.

  • За сува кожа

Доколку имате сува кожа можете да користите само пире од банана два пати неделно. Измијте го темелно лицето и нанесете од пирето, оставете да делува 10-тина минути и потоа темелно измијте го лицето и нанесете си го кремот за лице кој го користите. Калиумот и водата кои ги има во бананата ќе ја хидрираат и нахранат сувата кожа.

  • За масна кожа склона на акни и за тртеман на акни

Доколку имате масна кожа која е склона на акни измешајте малку банана со сок од лимон и мед. Исто така можете да ги триете зафатените места со акни со кората од банната. Бананата ќе помогне во намалување на вишокот на себум на површината на кожата. Дополнително сите витамини и хранливи материи кои ги содржи бананата ќе ја освежат и регенерираат кожата со што ќе и го вратите сјајот и убавината.

  • Како средство против стареење на кожата

Активните фитохемиликаии и сите витамини и минерали кои ги има во бананата ја прават одлично средство кое може да се користи против стареење на кожата. Изгмечете ½ банана, додадете 1 лажица сок од портокал и 1 лажица јогурт. Нанесете ја ова маска на кожата и почекајте 10-15 минути, потоа темелно исплакнете.

  • За избледување на темни дамки

Дисколорациите се јавуваат на кожата постојано, но знаат навистина да бидат непријатни и да влијаат на самодовербата на жените. За да ги намалите користите банана два пати неделно.

Во некој следен пост очекувајте рецепт за домашен лосион/тоник за избледување на флеки, дамки или пеги.

Штета од природните маски нема да имаме, а можеме да добиеме многу. 5-10 минути пред туширање имаме сите и тоа не секој ден, доволно 2 или 3 пати неделно.

Други идеи за природни и домашни маски, пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *