Посно и брзо – Како да направите домашен хумус намаз?
Рецептот е навистина едноставен и можете да го комбинирате во повеќе оброци. Складирајте го хумусот во стаклена тегличка и чувајте го во фрижидер.
Нутритивни вредности:
калории | јаглехидрати | масти | протеини | |
Здраво, посно и вкусно: Авокадо хумус (количината на намирници одговара за 7 големи лажици) |
вкупно: | |||
696 kcal | 45.6 g | 51.9 g |
17.7 g |
|
по порција (1 лажица): |
||||
100 kcal | 6.5 g | 7.4 g |
2.5 |
Потребни состојки:
- 100 g жив киснат наут (или конзервиран)
- ½ авокадо
- ½ лажичка лук во прав
- 1 лажица сусамов таан
- сок од ½ лимон
- 1 лажица маслиново масло
Начин на подготовка:
Сите состојки ги ставаме во сецко/блендер. Мешаме дури не добиеме убава и хомогена смеса.
Добар апетит!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.