Посни сникерс барови

Споделете со пријателите

Никој не би одолеал на сникерс, но секој би се замислил за празните калории кои ќе ги внесе со само едно чоколатце.

За да немате грижа на совест имаме одличен рецепт за подготовка на домашни, здрави, но и посни сникерс барови.

Количината на намирници е доволна за 10 парчиња/барови.

Потребни состојки :

за кората:

  • 10 лажици мелена овесни снегулки
  • 2 лажици мед
  • 3 лажици кокосово масло
  • 2 лажици сусамов таан

за карамел филот:

  • 200 g киснати во вода урми
  • 2 лажици путер од кикиритки
  • 150 g несолени сникерс кикиритки (кратко запечени и мелени)

за чоколадниот прелив:

  • 100 g темно чоколадо со минимум 70% какао
  • 50 g несолени сникерс кикиритки (за одозгора).

Начинот на подготовка:

Овесните снегулки, таанот, медот и кокосовот малсо измешајте ги убаво и натапкајте ги во некој сад во кој ќе ги правите сникерс баровите. Внимавајте да не биде многу голем.

За карамел филот урмите ставете ги во блендер заедно со путерот од кикритки и соединете ја смесата убаво, на крај додадете ги и мелените кикритки.

Истурете го карамел филот врз кората и ставете во фижидер малку да се стегне (околу 30 минути).

Чоколадото стопете го на пареа и прелијте ги сникерс баровите, наросете со мелени кикритки и уживајте.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *