Home Исхрана Балансиран појадок за носење

Балансиран појадок за носење

5
0

Времето на подготовка на овој балансиран појадок е не повеќе од 2 минути, а добивате вистинска нутритивна бомба полна со многу хранливи состојки.

Потребни состојки:

  • 4 лажици мешавина од овесни, јачменови, ‘ржани и пченични снегулки
  • 1 лажица чиа семе
  • 200 ml Баланс+ јогурт
  • 1 мала праска
  • јагоди и неколку боровинки
  • неколку бадеми.

Начин на подготовка:

Снегулките, чиа семето и јогуртот измешајте ги заедно вечерта пред да одите на спиење. Така преку текот на ноќта тие ќе можат да ја впијат влагата и следниот ден за брзо ќе бидат спремни за консумирање.

Следното утро ставете ја во блендер мешавината од снегулки, чиа и јогурт, додадете ги јагодите, праската, и бадемите и блендирајте.

Ќе добиете густ, вкусен и балансиран овошен јогурт кој е одличен за старт на денот.

Спакувајте го вака подготвениот оброк во тегличка за носење и уживајте во балансираниот појадок на работното месо или каде и да одите.

Од нутритивен аспект овој појадок содржи:

  • 445 g калории
  • 65 g јаглехидрати
  • 13.8 g масти
  • 20 g протеини
  • 16.5 g растителни влакна.

На здравје!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here