Home Рецепти Здрави десерти Брзи интегрални тостерки

Брзи интегрални тостерки

377
0

Всушност сè што правам овој период е брзо, затоа што време сè помалку имам, но сепак готвам секој ден, и за бебе и за нас, затоа што ми е важна нутритивната вредност и квалитетот на храната која ја внесуваме.

За пола саат бев готова и со печење и со декорација, така што многу полесно е од палачинки, мафини и слично.

Состојки: (за околу 20 тостерки)

  • 140 g овесни снегулки (6-7 лажици отприлика)
  • 30 g интегрално ‘ржано брашно (2 лажици отприлика)
  • 30 g интегрално пченично брашно (2 лажици отприлика)
  • 2 јајца
  • 3 лажици маслиново масло
  • 50-70 ml јогурт (некоја мала чашка)
  • 1 лажица мед
  • многу малку сода бикарбона.

Подготовка:

Брашното и снегулките ги ставив во блендер за да се соединат убаво, но и снегулките да се направат брашно за да имаат на крај поубава текстура. Потоа во блендерот ги ставив јајцата, маслото, јогуртот и медот. На крај сè соединив и додадов малку сода бикарбона. Со лажица ставав мали топчиња на тостерот кој претходно добро го загреав (на најсилно).

Брзо се печат, по минута максимум.

Многу се вкусни и вака без ништо да ги јадете, ние ги комбиниравме со путер од кикиритки, џем од вишни, мед и свежи боровинки.

Одличен нутритивно вреден десерт, но може да ви биде и појадок, а и со кафе ќе се комбинираат совршено!

Ако направите, чекам слика или таг. 🥰

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here