Совршен спој на хранливи состојки и нутритиенти потребни за одличен старт на енергичен ден.
Овој појадок во чаша е многу практичен и се подготвува за помалку од 1 минути и што е најдобро можете да го спакувате и да си го земете со вас на работа или каде и да одите.
Потреби состојки:
- 30 g непечени индиски ореви (претходно кратко киснати во вода)
- 1 банана
- 1 чаша Баланс+ јогурт
- 1 лажица кокосови трошки
- 1 лажичка ленено семе
- 1 лажичка какао
- 1 лажичка рогач (опционално, не мора).
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги в блендер и мешајте дури не добиете хомогена смеса.
Ќе добиете густ и многу вкусен чоколаден јогурт кој е одличен за оние денови кога брзате наутро и немате време за подготовка на оброк.
Нутритивни вредности:
- 439 калории
- 56.2 јаглехидрати
- 19.1 масти
- 15.6 протеини
- 10.7 растителни влакна (40% од дневен препорачан внес)
На здравје!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.