Home Исхрана Чоколаден путер од бадеми

Чоколаден путер од бадеми

231
0

Со неколку претходни наши рецепти сигурни сме дека барем малку успеавме да ве убедиме дека и десертите можат да бидат здрави. Домашен чоколаден путер од бадеми… Звучи примамливо, зарем не? Tолку вкусен, што ќе ве освои по првото залче.

Потребна ви е само желба и малку време. Овој здрав намаз се подготвува за помалку од 15 минути, и може да биде одлична замена за висококалоричните кремови и путери.

Можете да го јадете со парчиња банана, да го намачкате на здраво интегрално лепче, со интегрални колачи, но исто така можете да го искористите и како крем за палачинки.

Потребни сосотјки:

  • 100 g сирови непечени бадеми
  • 2-3 лажици какао
  • 1 лажица мед
  • 1 лажичка путер (наместо путер може да искористите и кокосово или маслиново масло)
  • неколку зрнца сол.

Како да подготвите:

Во блендер ставете ги сировите непечени бадеми. Блендирајте додека не добиете хомогена смеса како на сликата. Додајте ја солта, и со лажица повремено отстранете ги залепените бадеми од краевите додека блендирате. За максимум 10 минути ќе добиете кремаста структура.

how-to-series-almond-butter-4-HollysCheatDay.com_-1024x640

Кога ќе добиете убава густа и хомогена смеса додајте го какаото, медот и путерот или кокосовото или маслиново масло. Убаво измешајте со лажица дури да добиете еднолична смеса. Складирајте го чоколадниот путер од бадеми во стаклена тегличка и чувајте го во фрижидер.

Освен тоа што е здрав овој намаз, полн е со омега-3 масни киселини кои помагаат за намалување на ризикот од појава на срцеви заболувања.

Гледано од калориски аспект, една мала лажичка од овој путер содржи само 36 калории. 🙂

На здравје!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here