Овие чоколадни коцки се одлични кога сакате да направите нешто слатко за многу кратко време. Се подготвуваат од само 4 состојки, за помалку од 10 минути. Потребен ви е гумен калап за чоколадни коцки кој можете да го најдете во некој поголем маркет или на пазарче. Доколку немате калап можете да користите мали хартиени корпички за слатки, нив ќе ги најдете сегде.
Еве како изгледа калапот:

Потребни состојки (ќе добиете околу 25 коцки во зависност од големината на калапот):
- 100 g црно чоколадо со 75% какао
- 100 g мелени бадеми (можете да ги замените со лешници)
- 3 wellness интегрални бисквити
- 2 супени лажици кокосово масло (може да се замени со путер).
Начин на подготовка:
Најпрвин истопете го чоколадото на пареа заедно со кокосовото масло. Бадемите и бисквитите ставете ги во сецко/блендер и убаво иситнете ги. Потоа измешајте се заедно и полнете ги калапите. Потоа ставете ги чоколадните коцки во замрзнувач околу 10-тина минути да се стегнат.
Уживајте во убавиот чоколаден вкус! На здравје!








