Home Рецепти Здрави десерти Подгответе сами 100% органски домашен џем од јагоди и малини

Подгответе сами 100% органски домашен џем од јагоди и малини

156
0

Листата на здрави десерти кои можете да си ги подготвите сами е навистина голема. За денес ви издвојуваме интересен рецепт како да подготвите 100% органски домашен џем без шеќер и конзерванси и без термичка обработка. Можеби ова ќе ви звучи чудно и ќе се замислите дали воопшто може да се направи џем без конзерванси и без шеќер, но бидете сигурни дека ако решите да го подготвите овој рецепт, ќе се уверите во спротивното. 🙂

Што ви е потребно?

  • 200 g (јагоди и малини)
  • 1-2 супени лажици мед
  • 2 супени лажици чиа семе

Како да го подготвите?

Овошјето не мора да биде свежо, но ако е замрзнато почекајте да се одмрзне и фрлете го вишокот вода. Можете да користите и само јагоди или само малини, па дури и микс од бобинки (аронија, боровинки, вишни, капини). Чиа семето измелете го во мултипрактик или во блендер (џемот ќе има похомогена структура ако семето е мелено, иако можете да користите и цели зрна чиа семе). На крај, ставете ги сите состојки во блендер и мешајте малку подолго, дури не добиете хомогена смеса.

Складирајте го џемот во тегличка и чувајте го во фрижидер. Бидејќи не содржи конзерванси рокот на траење му е околу 10 дена, но верувајте дека нема да ви трае толку многу. 🙂

Џемот можете да го јадете со интегрални колачи, да го мачкате на лепче, да го користите како намаз за палачинки или како прелив за овошна салата. Превкусно!!!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here