Без шеќер и брашно, овие мафини се вистинските доколку сакате да подготвите нешто слатко, но тоа да биде брзо и здраво. Готови се за помалку од половина час, а резултатот е фантастичен. 🙂
Потребни состојки:
- 3 зрели банани
- 3 јајца
- бобинки по желба (малини, јагоди, боровинки и сл.)
Начин на подготовка:
Најпрво загрејте ја рерната на 180-200°С. Бананите убаво згмечете ги со виљушка или пак ставете ги заедно со јајцата во блендер (тоа е полесната варијанта). На крај додадете го овошјето кое го избравте и убаво измешајте. Излијте ја смесата во калапи за печење на мафини и оставете ги да се печат 10-15 минути. Извадете ги, оставете ги да се оладат и уживајте!
Имате вкусен десерт или појадок за помалку од половина час. 🙂
Добар апетит!
Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука.








