Без шеќер и брашно, овие мафини се вистинските доколку сакате да подготвите нешто слатко, но тоа да биде брзо и здраво. Готови се за помалку од половина час, а резултатот е фантастичен.
Потребни состојки:
- 3 зрели банани
- 3 јајца
- бобинки по желба (малини, јагоди, боровинки и сл.)
Начин на подготовка:
Најпрвин загрејте ја рерната на 180-200°С. Бананите убаво згмечете ги со виљушка или пак ставете ги заедно со јајцата во блендер (тоа е полесната варијанта). На крај додадете го овошјето кое го избравте и убаво измешајте. Излијте ги мафините во калапи за печење и оставете ги да се печат од 10-15 минути. Извадете ги, оставете ги да се оладат и уживајте.
Имате вкусен десерт за помалку од половина час.
Добар апетит!
Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука.
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.