На што најмногу треба да внимаваме за време на вежбање

Споделете со пријателите

Вежбањето освен што го подобрува изгледот на нашето тело и ни го подобрува расположението, може многу поволно да делува и во ситации кога се соочуваме со одредени физички проблеми од типот на сколиоза, кифоза , лордоза, болки во грбот и слично. Пилатесот е физичка дисциплина која  може многу да помогне и да има терапевтски ефект врз телото но, се разбира доколку се вежба правилно. Првилната позиција и поставеност на телото за време на изведувањето на вежбите е од особена важност затоа што неправилното вежбање не само што нема да ни помогнеме туку во најлош случај може да ни ја влоши ситуацијата.

Најбитен елемент во изведување на вежбите пилатес е правилна положба на телото, концентрација за време на изведувањето на вежбите, свесност за движењата кои се изведуваат и правилно дишење.

“ Once we achieve continual mental focus, we realize that simple movements are actually quite complex”. За да се извлечат максималните придобивки од пилатесот секое движење треба да се изведува со максимална концентрација и контрола. Најбитен аспект е да се постигне нивото на поврзаност на умот со телото, тогаш сме сигурни дека полека но сигурно навлегуваме во суштината на пилатесот.

Правилното дишење е најбитен елемент во секоја физичка дисциплина. Со правилно дишење за време на изведувањето на  вежбите му овозможуваме на телото нормално да функционира. Вдишувањето треба да биде длабоко преку нос, а издишувањето преку уста. При секое вдишување треба да бидеме свсни дека на тој начин во организмот внесуваме доволно количевсто на кислород кој оди до секоја наша клетка и и дава енергија. Издишувањето исто така треба да биде целосно имајќи во предвид дека на тој начин ги елиминираме штетните метаболити, а истовремено ја исфрламе и вишокот на енергија која се акумулира во нас.

Неправилна положба (стомакот треба постојано да биде стегнат, грбот максимално исправен, да не го грчиме телото за време на изведувањето на вежбите)

Постојат одредени вежби кај кои највеќе се прават грешки во изведувањето:

squats

чучнувања – на втората слика положбата на телото е сосем неправилна споредено со првата. При изведување на оваа вежба стомакот треба да биде максимално стегнат, грбот исправен,  и да не дозволиме колената да отидат премногу напред, петите треба да бидат заковани за под, а прстите да биде кренатти. Што се однесува до дишењето секогаш кога се спуштаме кон доле вдишуваме, а  кога се исправаме кон горе издишуваме.

plank

plank (положба на склек) – и ова е една од вежбите на која се прават најмногу грешки. Да бидеме сигурни дека изведуваме правилно потребно е телото да биде во една исправена позиција, задникот несмее да биде спуштен, нити пак премногу кренат, стомачните и целиот абдомен треба да бидат цврсто стегнати за телото да може да ја одржи правилната позиција.

стомачни – при изведување на стомачните вежби мораме многу црвсто да го стегнеме стомакот, грбот убаво да го залепиме за подот. Кога се креваме кон горе се трудиме да се креваме со силата од стомачните, а не да го буткаме вратот со рацете. Секогаш вишуваме кога сме доле, а целосно издишуваме кога се подигаме кон горе и кога се креваме кон горе дополнително ги стегаме стомачните.

Брзо изведување на вежбите исто така е една од најчестите  грешки затоа што со споро изведување овозможуваме да се концентрираме максимално, да си го поврземе умот со телото и да се фокусираме на вежбата. Со спорото изведување мускулот многу подолго време е под тензија и му помагаме поленсо да се обликува. За да се уверите во тоа застанете исправено и поченете да го кревате едното колено кон градите брзо, потоа истото повторете го споро со стегање на стомакот и со максимална концентрацја. Сигурно ќе воочите дека во првиот случај воопшто не чувствувавте дека стомачните работатат за разлика од вториот каде што мускулите веднаш почнуваат да се тресат и да се чувстува напорот во нив.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *