Нутритивен десерт, полн со антиксидански, витамини и омега 3.
Одлична здрава варијанта на чоколаден крем кој е неодолив и тоа особено за најмалите.
Овој чоколаден намаз можете слободно да го давате на дечиња над 1 година. Намачкајте го на лепче или пак комбинирајте го со некои здрави палачинки:
Киноа палачинки (без јајца и без брашно)
Здрави палачинки со банана и овесни снегулки
Потребни состојки:
- 240 g мелени печени несолени лешници – може да ги мелете во Нутрибулет или сличен процесор
- 3 лажици мед
- 3 лажици какао
- 120 ml бадемово, кокосово или оризово млеко
- 1 лажичка кокосово масло или маслиново масло
- малку ванила
- неколку зрнца сол
Начин на подготовка:
Сите состојки се мешаат заедно дури не добиете густа хомогена смеса.
Вкусот е толку богат и чоколаден што сигурно ќе ве освои со првото залче.
Лешниците содржат големо количество на витамини и минерали, особено Витамин Е. 100 g лешници содржат 100% од дневните потреби за овој витамин кој е моќен антиоксиданс. Исто така содржат и големо количество на магнезиум, калциум, калиум, фосфор, витамини од групата Б како и диететски влакна. Оваа здрава намирница навистина заслужува да биде дел од секојдевната исхрана.
Можеби ќе ве интересира:
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.
Колку време може да стои во фрижидер? И колку би можело со обично млеко?
во фрижидер 7-10 дена сигурно