Најчести грешки во подготовката и консумирањето на храна кои ве дебелеат

Споделете со пријателите

Низ многу статии, текстови и рецепти се трудам да ви пренесам дека готвењето не е сложен процес и дека навистина не бара толку многу време колку што некои од вас мислат.

Нашата традиционална кујна изобилува со прекрасни рецепти на кои им треба мала модификација за да се претворат во поздрава верзија која нема да му штети на нашето здравје и на килограмите.

Работата со клиенти во последно време и согледување на грешките кои речиси сите ги прават со готвењето и консумирањето на храна ме натера да го напишам овој пост.

Додавате премногу масло

1 лажичка масло има околу 120 калории. Тоа се калории кои не ги гледаме и кои мислиме дека не постојат, но верувајте баш тие калории можат да ве однесат во калориски суфицит.

Инвестирајте во добра тава која не лепи и секогаш кога треба да запржите нешто користите минимално масло. Јас моментално користам гранитна тава која сега за сега ми се покажа одлична. Воопшто не лепи и се чисти многу лесно.

Варивата и манџите правете ги без запршка.

Можеби ќе ве интересира: Како да подготвите вкусна манџа без запршки?

За готвење користете маслиново масло, никако сончогледово затоа што маслиновото  е постабилно на висока температура.

Можеби ќе ве интересира: Разлики помеѓу маслиново, кокосово и сончогледово масло

Внимавајте и со количината на масло која ја додавате во салатите. Една краставица има околу 50тина калории, исто толку и еден домат, но 1 лажица масло има 120 калории. Затоа следниот пат кога ќе правите салата внимавајте на количината на масло која ја додавате. Не викам да не користиме масло кога треба, но да бидеме свесни за неговата калориска густина и да го користиме разумно.

Премногу сол

Препорачана дневна количина на сол е една мала лажичка, но дали знаете колку малку е всушност тоа?!

Речиси сите внесуваме повеќе сол на дневна база од што ни е потребно. Сол има сегде, особено во купени производи. Го има во сувомесни производи, во купени крекери и чипсови, во млечни намази, во кашкавал и сирење. Овие производи имаат најголема концентрација на сол, па замислите да јадете некој од овие производи и плус да ја дослувате салатата и манџата, па не 1 лажичка вие ќе внесете 4-5 лажички во текот на денот и тоа несвесно верувајќи дека само тоа што видно сте го додаде тоа сте го внеле.

Натриумот е навистина потребен и неопходен за физиолошките процеси во телото, но вишокот на сол во телото задржува вода и има многу негативни ефекти врз кардиоваскуларното здравје.  

Следниот пат кога ќе имате желба да ја досолите храната, пробајте да ја замените солта со некој сув зачин.

Модифицирајте ги рецептите во кои има многу калории, масти и шеќери

Многу често ми се случува и всушност многу од рецептите кои ги има на сјатот и на Инстаграм (@dragana_fitlife) да се инспирирани од некое традиционално јадење или десерт. Тоа што секогаш го правам е модификација и адаптација во поздрава верзија. Значи ако во рецептот пишува ставете 300 g шеќер јас никако нема да го сторам тоа, туку напротив ќе го заменам со 2 или максимум 3 лажици мед. Брашното секогаш го менувам со некое интегрално брашно.

Тоа што сакам да го потенцирам е да не ги следите сите рецепти слепо, пробајте да си ја вклучите сопствената креативност и пробувајте. Можеби еднаш ќе згрешите, но следниот пат ќе знаете каде бил проблемот. Мене никој не ме учеше здраво да готвам, ме научи искуството и многуте рецепти кои сама ги направив.

Не обрнувате внимание на додатоците

Многу често се случува да добијам пораки од клиенти кои викаат дека јадат секоја вечер салата ама никако да намалат килограми. Правејќи ја нутритивната проценка сфаќам дека салатата која ја јадат е всушност една калориска бомба за која тие и самите не се свесни.

Не додавајте калорични преливи во салатите, заборавете го мајонезот и сите купени сосови затоа што се полни со празни калории и сол кој само може да му наштети на нашето здравје и на килограмите.

Исто така тука би го спомнала и кафето. Многу луѓе ќе ми кажат дека не можат да пијат кафето горко и дека мораат да додадат мала лажичка шеќер, ептен мала. Но, една лажичка во 2-3 кафиња на ден се три лажички шеќер или околу 15-тина грама кои и не се баш малку.

Големи порции

И ова е еден од поголемите проблеми на кои многу од вас не обрнуваат внимание, но има голем ефект врз килограмите. Јас навистина никогаш во моите планови за исхрана не давам грамажи затоа што сметам дека е исцрпувачки за клиентот да мери и да се оптеретува со количината на секој оброк. Користете помали чинии и не ги полнете до крај. Дајте му предност на зеленчукот и внимавајте со количината на јаглехидрати која ја внесувате по оброк. Има многу голема разлика ако јадете тестенини со салата или салата со тестенини.

Јадете повеќе затоа што знаете дека тоа што го јадете е здраво

Јаткастите плодови се здрави, но многу калорични и не можеме да си дозволиме да изедеме 100 грама во текот на денот и да се убедуваме себе си дека сепак се здрави. 100 грама содржат околу 600 калории кои можат за миг да ве однесат во калориски суфицит. Исто е и со другите намирници кои се здрави. Без разлика дали некоја намирница е здрава или не сепак содржи калории и нутритиенти кои се бројат и на ист начин можат да не дебелеат. Разликата е само во нутритивните.

Можеби ќе ве интересира: Како да подготвите три балансирани оброци во тек на еден ден

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *