Домашна маска за лице од само 3 состојки

Споделете со пријателите

Оваа маска го надополнува недостатокот на хранливи материи и витамини во кожата. Употребувајте ја 1 до 2 пати неделно.

Состојки:

  • 1 лажица јогурт
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка сок од лимон

Измешајте се заедно и маската е готова.

Медот ја храни кожата, го регулира водниот баланс, а тоа ја одржува свежината и го спречува појавувањето на брчките.

Многу хранливи супстанци кои се наоѓаат во медот имаат антиинфламаторно дејство и ја подобруваат заситеноста на клетките со кислородот.

Витаминот Ц, кој го има во лимонот, е неопходен за нашите клетки да произведат колаген, и затоа, лимонот е добар сојузник во борбата против брчките.

Јогуртот содржи аминокиселини кои совршено ја хранат и ја навлажнуваат кожата.

Од овие природни маски не можеме да изгубиме ништо, единствено можеме да добиеме убава, негувана и мека кожа за евтини пари 😊

Можеби ќе ве интересира: Маска за хранење и регенерирање на кожата на лицето со овесни снегулки

Рецептот и видеото ги подготви Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *