Хранлива маска за коса за враќање на сјајот после летниот одмор

Споделете со пријателите

Ова е одлична маска за враќање на сјајот на вашата коса после долгото изложување на сончеви зраци во летниот период. Сите се враќаме од одмор со сува и малку оштетена коса затоа што и сонцето и солта си го прават своето.

Можеби ќе ве интересира: Направи сам: Евтин витамински шампон против опаѓање на коса

Маските за коса подготвени од природни состојки се навистина евтини и се подготвуваат од намирници кои можеби веќе ги имате во својата кујна. Делотворни се и во многу ситуации се многу помоќни од синтетските, затоа одете во кујната и фатете се за работа 🙂

Потребни состојки:

  • ½ авокадо
  • 1 лажица мајонез
  • 1 лажичка кокосово масло
  • 1 лажичка мед.

Начин на подготовка:

Во блендер или со виљушка најпрвин испасирајте го авокадото, потоа додадете го мајонезот, кокосовото масло и медот и убаво измешајте дури не добиете хомогена смеса.

Начин на употреба:

Со влажни прсти навлажнете ја нежно косата и нанесете ја маската со нежна масажа на скалпот. Замотајте ја косата со капа за туширање или пак ставете обична кеса и крпа. Оставете да делува минимум 1 час и потоа темелно измијте ја косата со благ шампон.

Можеби ќе ве интересира: Домашен лосион против опаѓање на коса

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *