Home Рецепти Здрави десерти Интегрални божиќни колачиња со ѓумбир

Интегрални божиќни колачиња со ѓумбир

146
0

Збогатете ја новогодишната и божиќната трпеза со овие крцкави, вкусни, и истовремено здрави божиќни колачиња.

Можете да ги подготвите и во дупла количина, затоа што остануваат крцкави и свежи подолг период.

Потребни состојки:

  • 120 g путер
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • 3 лажици малтекс или мед
  • 1 јајце
  • 1 лажичка ѓумбир во прав
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка цимет
  • малку ванила
  • 250-300 g интегрално брашно.

Начин на подготовка:

Најпрво со миксер ги мешаме путерот и шеќерот, потоа во таа смеса ги додаваме малтексот или медот и јајцето, и продолжуваме со мешање. Кога смесата убаво ќе се соедини ги додаваме ѓумбирот, прашокот за пециво, циметот и ванилата, убаво соединуваме повторно. На крај полека го додаваме брашното, потребно е да се добие густа смеса која ќе може да се меси со сукало.

Од смесата развлекуваме тенка кора и од неа вадиме новогодишни фигури со калапи. Колачите ги печеме на температура од 180°С околу 10-12 минути.

На крај декорирајте со растопено темно чоколадо и кокосови трошки.

Среќни празници! 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here