Овие мали пици се одличен предлог за подготовка на здрав појадок или ручек. Од количината на намирници ќе добиете 10 мали пици.
Потребни состојки за тестото:
- 1 чаша (180 g) интегрално пченично брашно
- ½ чаша (околу 70 ml) Баланс+ јогурт
- 3 лажици маслиново масло
- 1 лажица ленено семе
фил:
- ½ kg спанаќ (исчистен и кратко обарен)
- малку путер за премачкување
- околу 70-80 g кашкавал (може и сирење).
Начин на подготовка:
Во длабок сад измешајте го брашното и лененото семе, потоа додадете го маслото и јогуртот и убаво измешајте. Треба да добиете смеса која нема да се лепи. Ако е многу суво може да додадете малку јогурт или пак, ако е многу влажна смесата можете да додадете уште малку брашно.
Кога ќе направите убаво топче како на сликата извлечете од него тенка кора и со помош на чаша или мала чинија направете кругови. Можете да ја оставите и голема, ако така ви е полесно.

Премачкајте го тестото со путер, потоа наредете го спанаќот врз секоја пица и на крај додадете малку изрендан кашкавал.

Се печат во загреана рерна на 180˚С околу 10-12 минути. Брзо се готови, ако ви е јака рерната следете ги да не ви изгорат.
Совршено се комбинираат со свежи домати или пак со чаша Баланс+ јогурт.
На здравје!









