Home Исхрана Интегрални панцероти со доматен сос и печурки

Интегрални панцероти со доматен сос и печурки

154
0

Одличен предлог за вкусен оброк за кој било дел од денот. 😊

Потребни состојки:

  • 300 g интегрално пченично брашно
  • 2 лажици маслиново масло
  • ½ квасец
  • околу 100-200 ml млака вода
  • малку сол и зачини по желба
  • за фил: доматно пире, оригано и печурки (може да додадете и кашкавал или моцарела).

Начин на подготовка:

Најпрво подгответе го квасецот, јас го подготвувам на следниот начин: го ставам во сад во кој додавам малку млака вода, прстофат кафеав шеќер и 1 лажица брашно, па мешам убаво дури квасецот не се растопи, и го оставам на топло околу 10-15 минути за да се активира.

Брашното истурете го во длабок сад и направете му дупче на средината, во дупчето ставете го активираниот квасец, додадете маслиново масло и зачини и уште малку млака вода. Полека замесете го тестото и оставете го да стаса околу 30-40 минути.

Кога ќе нарасне измесете го уште еднаш и извлечете од него потенка кора. Со кружна чинија извадете поголеми кругови. Од оваа количина на тесто јас добив 6 кругови, односно 6 панцероти. Премачкајте ги со доматен сос, оригано, ставете печурки и со помош на виљушка затворете ги.

Доколку сакате да се сјајни, можете одозгора да ги премачкате со жолчка и растопен путер, и по желба да наросите малку сусам.

Печете на температура од 180°С околу 20 минути.

Добар апетит! 🙂


Повеќе рецепти за здрави оброци пронајдете тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here