Интегрални варени ѓевречиња со сусам

Споделете со пријателите

Вкусни, здрави и крцкави. Овие здрави ѓевречиња се подготвуваат навистина лесно и брзо.  Одлични се за појадок во комбинација со јајце, зеленчук, јогурт или она што вие сакате. Можете да ги јадете и без ништо, вкусот ќе ве освои со првото залче.

Потребни состојки:

  • 400 g интегрално пченично брашно
  • 4 лажици овесни снегулки
  • 3 лажици мелен лен
  • 2 лажици чиа семе
  • 1 прашок за пециво
  • малку хималајска сол и куркума
  • 150 ml кисело млеко
  • околу 100 ml кисела вода
  • 3 лажици путер
  • 2 лажици сода бикарбона
  • 3 лажици сусам.

Начин на подготовка:

Најпрвин сувите состојки измешајте ги во длабок сад (интегралното брашно, овесните снегулки, ленот,прашокот за пециво, солта и куркумата).

Потоа додадете го растопениот путер, па на крај киселото млеко и киселата вода. Со раце на набрашнете маса убаво измесете го тестото. Месете и полека посипувајте по малку брашно. Потребно е да го измесите и да стане нелепливо.

Поделете го тестото на 10-тина делови и направете тенки долгнавести парчиња. Завртете ги во круг и на крај спојте ги краевите.

На оган ставете сад со вода и 2 лажици сода бикарбона, загрејте до вриење. Потоа тргнете ја водата од оган и во неа потопете ги ѓевречињата околу 20-тина секунди. Потоа извадете ги со лажица и извалкајте ги во сусам. Наредете ги во плех за печење и оставете ги да се печат на 200°С околу 15 минути.

Постапките и начинот на подготовка можете да го видите и на сликите подолу.

Добар апетит!

Можеби ќе ве интересира:

Пита со кори од хељда, спанаќ и моцарела

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *