Home Рецепти Здрави десерти Кифлички од интегрално брашно и џем од кајсии

Кифлички од интегрално брашно и џем од кајсии

145
0

Ако сте љубители на кифлички и тесто, ова е одличен рецепт во здрава варијанта – кифлички подготвени од интегрално брашно.

Овие кифлички се одлични за појадок, 2 од нив во комбинација со чаша млеко се доволни за да ви ги задоволат нутритивните потреби за макро и микро нутритиенти за појадок.

Нутритивни вредности по кифличка:

123.4 калории, 16.7 g јаглехидрати, 5.4 g масти и 3.1 g протеини.

Потребни состојки (за 20 кифлички):

  • 400 g интегрално пченично брашно од Vitalia
  • ½ квасец (се раствора во малку вода + неколку зрна нерафиниран кафеав шеќер)
  • 1 лажичка пециво
  • 100 g путер
  • 1 јајце
  • ½ кесичка кокосово млеко од Vitalia + 100 ml млака вода
  • диет џем од кајсии – Vitalia или каков било џем по ваша желба
  • една жолчка – за премачкување.

Начин на подготовка:

Најпрво го подготвуваме квасецот, го раствораме со малку вода и додаваме прстофат шеќер, и оставаме 10-ина минути да се направат меурчиња.

Потоа интегралното брашно го ставаме во длабок сад и во него го додаваме прашокот за пециво. Мешаме убаво, и на средината правиме дупче во кое го истураме веќе подготвениот квасец. Во садот со брашното и квасецот ги додаваме и стопениот путер, јајцето и раствореното кокосово млеко. Мешаме убаво првин со лажица, а потоа месиме со раце. Формираме големо топче од смесата и оставаме на топло да стаса, околу 30 минути.

Потоа со сукало го размесуваме во тенка кора, па од кората сечеме триаголници кои ги мачкаме со диет џем од кајсии (можете да си подготвите и сами домашен џем од малини или јагоди – рецепт). На крај завиткуваме и ставаме во плех на хартија за печење.

Секоја кифличка ја премачкуваме со жолчка од јајце и печеме во загреаната рерна на 180°С околу 15-20 минути.

Уживајте!!!

Можеби ќе ве интересира: Интегрално банана лепче со сува брусница

Повеќе идеи за здрави рецепти, пронајдете тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here