Home Рецепти Здрави десерти Интегрално банана лепче со сува брусница

Интегрално банана лепче со сува брусница

179
0

Банана лепчето е многу познато низ светот, и оние кои се хранат здраво често си го подготвуваат и го комбинираат на различни начини. Многу потсетува на милиброд и можете да го направите во повеќе варијанти.

Може да додадете и јаткасти плодови, некое друго суво овошје или пак некоја арома за поинтензивен вкус.

Во секој случај финалниот производ е фантастичен. Сочно, меко и неодоливо задоволство кое можете да го комбинирате со домашна нутела (рецепт), џем од малини (рецепт) или каков било џем кој ви е омилен, дополнително може да комбинирате и свежо овошје со што ќе имате целосен и нутритивно вреден оброк.

Потребни состојки (за 15 парчиња):

  • 250 g интегрално пченично брашно
  • 2 лажици чиа семе
  • 2 лажици ленено семе
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 50 g сува брусница
  • 50 g путер (стопен на пареа)
  • 3 лажици мед
  • 2 јајца
  • 3 банани.

Начин на подготовка:

Во длабок сад ги мешаме сувите делови: интегралното брашно, чиа семето, лененото семе, прашокот за пециво и сувата брусница.

Во друг сад со миксер ги матиме јајцата и шеќерот или медот, и во таа смеса полека го додаваме путерот, кој претходно го топиме на пареа.

Бананите ги натискуваме со виљушка и ги додаваме во смесата со јајцата, мешаме со миксерот дури сè убаво не се соедини.

На крај двете смеси ги соединуваме. Садот во кој ќе го печете лепчето премачкајте го со маслиново масло. Печете во загреаната рерна на 180°С околу 45-50 минути.

Нутритивни вредности по парче:

177.7 калории, 24.2 g јаглехидрати, 4.3 g масти и 3.6 g протеини.

Уживајте во вашата омилена комбинација! 🙂

Повеќе идеи за здрави десерти пронајдете тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here