Состојки:
- 1 јајце
- 200 g кокосови трошки (остаток од кокосово млеко)
- 2 лажици мед
- малку ванила (или цимет)
Начин на подготовка:
200 ml кокос прелијте го со зовриена вода и оставете го да стои минимум 2 часа. Потоа процедете убаво. Ќе добиете кокосово млеко, а од остатокот направете ги колачите.
Сите состојки добро измешајте ги, направете со рака топче, па потиснете го одозгора за да испадне колаче. Печете во рерна на 180С околу 20-25 минути, ако сакате да бидат помеки можете и пократко.
Рецептот е на Елена Ѓорѓиевска.
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.