Колач со пченкарно брашно и фил од малини

Споделете со пријателите

Овој колач многу е брз за правење и едноставно неодолив.

Нема шеќер и е навистина совршена ужинка за цело семејство. Можете да направите сличен и за вашите бебиња 8+ со следна модификација. Не додавајте цело јајце (само жолчка) и не додавајте пециво, а како прелив користете густо смути од овошки кои му се омилени на вашето бебе.

Пример може банана со слива (без мед).

Состојки:

  • ½ чаша интегрално брашно
  • ½ чаша пченкарно брашно
  • малку пециво
  • 1 јајце
  • 1 лажица кокосово масло
  • малку вода

за фил:

  • замрзнати малини
  • мед

Подготовка:

Сите состојки за тесто убаво измешајте ги и додадете малку вода( од око ќе внимавате на смесата, да не е течна, но не ни многу густа).

Печете во рерна на 180˚С околу 20-тина минути.

За подготовка на филот, малините ставете во тенџере на тивок оган полека да се размрзнат, на крај тргнете од оган малку да се заладат и додадете 1 лажица мед.

Кога колачот ќе се испече ставете од филот одозгора.

Превкусно!!!

Рецепт на Елена Ѓорѓиевска.

View this post on Instagram

БРЗО✅ ЗДРАВО ✅ ВКУСНО✅ Овој колач многу е брз за правење и едноставно неодолив, без додаток на шеќер и вештачки бои. Состојки: – 1/2 чаша интегрално брашно – 1/2 чаша пченкарно брашно – пециво – 1 јајце – 1 лажица кокосово масло – малку вода За фил: – замрзнати малини – мед Подготовка: Сите состојки за тесто убаво измешајте ги и додадете малку вода( јас ставав од око). Можете да ставите во поголемо плехче (да не биде толку високо како на мојата слика и тогаш повеќје ќе личи на колачиња, кога ќе пресечете). Испечете го во рерна на 180’ За филот многу лесно и едноставно земете замрзнати малини и ставете ги на огин (без никакви додатоци) тргнете од огин и додајте мед (по желба) прелејте го колач и декорирајте по ваш избор!

A post shared by Elena Gorgievska (@elena_gorgievska_fitlife) on

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *