Чоко крцкави интегрални колачиња

Споделете со пријателите

Баш се чоколадни, крцкави и неодоливи, а навистина лесни за подготовка! Прав погодок!

Од наведената количина јас добив 16 колачиња со супер големина, можете да си направите и дупла доза затоа што се крцкави и сипкави па можат да стојат и цела недела.

Потребни состојки:

  • 30 g какао
  • 80 g нерафиниран кафеав шеќер
  • 120 g интегрално пченично брашно
  • 2 јајца
  • 1 прашок за пециво
  • 3 лажици кокосово или маслиново масло.

Начин на подготовка:

За убаво и хомогено да ги соедините сувите состојки ставете ги во блнедер и блендирајте 1 минути (какото, шеќерот, брашното и пецивото).

Кога убаво ќе се соединат изматете ги јајцата и во нив додадете го кокосовото или маслиновото масло, иако може и путер.

На крај соединете ги двете смеси и оставете ја финалната смеса во фрижидер околу половина час за прашокот за пециво да си ја заврши својата работа. Ќе видите дека ќе се формираат меурчиња од ослободениот јаглерод диоксид и самата смеса ќе биде супер воздушеста.

Формирајте топчиња со раце и пристиснете ги одозгора за да добиете кругови.

Наредете ги во плах на хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180˚С околу 10 минути. Брзо се печат така да внимавајте!

Ве предизвикувам да направите и да ми пратите слика, нема да зажалите! Одлични се за цело семејство, за совршена здрава ужинка во било кој дел од денот!

Ќе уживаат и децата 😊 (заради јајцата и шеќерот се за дечиња над 12 месеци)

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *