Крцкави, вкусни и здрави, а од само 3 состојки добро и плус јаготката која е опционална затоа што можете да ставите во дупчето што сакате.
Јас планирав да ставам некој џем ама некако јагодите на маса ми се смешкаа, па решив да ги искористам нив. Финалниот резултат беше фанстатичен.
Потребни состојки (за 15 колачиња):
- 3 лажици путер од кикиритки @bonita_organic_nut_butters
- 3 лажици мед
- 1 чаша или околу 200 g оризово брашно (може да ставите и мелени овесни снегулки)
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки заедно и поделете ја смесата на 15 топчиња. Со прст притиснете врз секое топче и направете вдлабнатинка.
Во секоја вдлабнатинка ставете по една јаготка. Ставете ги колачињата да се печат во загреана рерна на 180˚С, но не многу долго околу 10-12 минути, проверувајте ги брзо се печат. Јас малку ги препеков затоа што ги оставив по печењето во загреана рерна, но не ја правете мојата грешка. Секако беа убави, но да ги извадев порано ќе беше подобро 😊
Следниот пат ќе ми бидат совршени затоа што си го научив школото 😊








