Заменете ги чоколадите и грицките помеѓу оброците со квалитетна и нутритивна ужинка која ќе си ја подготвите сами.
Подготвувањето на ужинка дома не одзема воопшто време.
Има многу здрави десерти кои не се печат и за кои ви се потребни помалку од 15 минути како што се и овие кремасти медени мини колачи со гриз.
Потребни состојки (за околу 15-18, зависи од калапот кој ќе го користите):
- 150 g мешавина од јаткасти плодови мелени (јас ставив по 50 g бадеми, лешници и индиски ореви)
- 50 g кокосови трошки
- 5 лажици варен гриз
- 1 лажица сусамов таан
- 2 лажици мед
- 1 лажица путер од јатки (јас ставив мешавина – nut mix butter)
- во пола од смесата 1 лажица какао.
Начин на подготовка:
Сите состојки ги мешаме заедно, потребно е јаткастите плодови да бидат убаво мелени, а гризот сварен на стандарден начин само со вода (не многу вода да биде погуст).
Можете да формирате со раце и топчиња, па да бидат бомбици. Јас користев силиконски калап за колачи за побрзо.
Во пола од смесата ставив какао за да бидат црно/бела комбинација.
Предобри се! Одлични за ужина и за дечиња над 1 години кои веќе јадат мед и јатки 😊
На здравје!
Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука.
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.