Медени колачиња без брашно

Споделете со пријателите

Со мед и без брашно, крцкави, а со арома на портокал…..совршени се!!!

Состојки (за 20 поголеми колачиња):

  • 170 g бадеми (мелени во блендер, да се добие брашно)
  • 100 g кокосови трошки
  • ½ лажичка пециво
  • 3 лажици мед
  • 50 g путер
  • 1 ред темно чоколадо
  • малку рендана кора од портокал (претходно убаво го измив и го ставив во вода со сода бикарбона)
  • 1 јајце.

Начин на подготовка:

Прво во подлабок сад измешајте ги мелените бадеми, кокосот и прашокот за пециво. На оган на многу тивко или на пареа стопете го путерот и чоколадото и на крај додадете го медот. Потребно е да добиете густа и хомогена смеса. Истурете ја смесата во садот со бадемите и изрендајте малку кора од портокал. Јајцете изматете го самостојно и додадете го на крај и повторно соединете се заедно.

Смесата ќе личи како малку да е течна, но оставете ја да се излади во фрижидер околу 30 минути. Потоа извадете и со рака правете топчиња кои ќе ги ставате во плех на хартија за печење. На крај сите точиња потистене ги одозгора за да личат на кружни колачи. Печете во загреана рерна ан 180˚С околу 10-15 минути.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *