Како да се мотивирате да вежбате во ладните, тмурни денови?

Споделете со пријателите

Дури и да спаѓате во групата на големи зависници од вежбање, сепак зимскиот период и ладните зимски денови навистина делуваат демотивирачки на нашето расположение и колку и да не си признаваме сепак не прават малку помрзеливи.

Но, како да го надминете тоа и како да се натерате себеси да излезете од топлиот дом и да отидете правец на вежбање?

Многу често се случува да немате никаква мотивација и желба за вежбање и со сила да се натерате да одите, но таму се случува магично чудо….само што ќе почнете веќе после првите 10 минути ви се создава неопишана енергија и веќе заборавате на тоа лошо и демотивирачко чувство кое го носевте од дома…Да тоа е така, затоа што вежбањето го подобрува расположението и уште во првите 10 минути од тренингот започнуваат да се лачат ендорфини.

Значи најтешкиот чекор е да се натераме себеси да појдеме на вежбање! 😀

Во продолжение неколку совети за да ја надминете оваа зимска криза:

1)Будете се со музика и светлина

Доколку вежбате наутро, најтешко е во ладните зимски утра да се кренете од топлата постела и да одите да вежбате. Но, за да ви биде полесно, штом ќе го слушнете алармот станете од кревет и пуштете во вашата соба светлина и дури се подготвувате слушајте ја вашата омилена музика. Тоа, ќе ве расони и ќе ви го подигне расположението со што ќе бидете помотивирани.

Можеби ќе ве интересира: Предности од утринскиот тренинг.

2) Одете на вежбање заедно со некој другар/другарка

Ако одите сами на вежбање многу е веројатно дека ќе си давате изговори и ќе си се тешите самите себеси зошто нема да одите денес . Но, кога одите со некој друг тогаш е друга приказна :D, така ќе се мотивирате взаемно и веројатноста дека ќе пропуштате часови е многу помала.

3) Закажувајте го тренингот стратешки

Изберете термин во денот за вежбање кој најмногу ви одговара. Можеби најдобро е да одите на тренинг веднаш после работа, затоа што така нема да одите дома и ќе ја надминете можноста да ве фати мрза додека малку одмарате пред телевизор.

4) Размислувајте за своето здравје

Секогаш кога ќе ве обземе демотивирачка мисла и ќе си речете “Епа, што денес не одам на вежбање….што ако пропуштам еден час?”, размислете си за сопственото здравје и спомнете си дека не вежбате за никој друг туку за самите себе. Придобивките од вежбањето се видливи, и физички, но и емоционално и психични само доколку сте редовни и вежбате подолг период. Бидете решителни и цврсти во донесувањето одлуки, не дозволувајте мрзеливоста да ви застане на патот и да ве натера да го пропуштите тренингот…замислете си па тоа е само 1 саат од целиот ден, а правите толку големо добро за себе си.

5) Заборавете ги изговорите

Многу е лесно да се најде изговор за не правење нешто, но запомнете дека доколку направите добра организација на работите ќе имате време и за себе си, и за семејство, и за вежбање, и за кафе со пријателите и за уживање….

За времето што ќе го потрошите за смислување изговори, можете да завршите половина тренинг. Сите на овој свет имаме 24 часа во денот и сите имаме многу обврски, но само добра организација на истите гарантира успех. Стиснете заби и бидете построги со себе. Од лежење спомени нема, времето што го трошите на социјалните мрежи заменете го со добар тренинг (затоа што сигурно трошите повеќе од 1 саат во текот на еден ден).


Доколку конечно сакате да започнете да вежбате, ама не знаете каде, тогаш посетете го нашето студио.

Лоцирани сме на две локации во Скопје: Козле и Кисела Вода и нудиме широка програма со многу активности (степ аеробик, микс аеробик, мат пилатес, кардио пилатес, пилатес топка, утрински пилатес и уште многу други).

Ви ветуваме одлична мотивација и загарантиран успех.

На линкот подолу погледнете ја целосната програма, а за повеќе детали, уписи и резервации побарајте не на телефон 071 273 982 или на 077 766 950.

FitLife Studio

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *