Здрави божиќни колачиња со ѓумбир

Споделете со пријателите

Одличен здрав предлог за празничната трпеза – Здрави божиќни колачиња со ѓумбир и интегрално брашно.

Ароматични, крцкави и превкусни …морате да ги пробате!

Потребни состојки:

  • 300 g интегрално пченично брашно (Vitalia)
  • 100 g путер
  • 2 лажици кокосово масло
  • 5 лажици кокосов шеќер
  • 1 јајце
  • 1 лажичка ѓумбир во прав
  • ½ лажичка цимет
  • ½ прашок за пециво.

Начин на подготовка:

Најпрвин во длабок сад со миксер изматете ги заедно кокосовиот шеќер, путерот и кокосовото масло. Кога убаво ќе се соединат полека додадете го брашното, јајцето ѓумбирот, циметот и прашокот за пециво. Убаво соединете ја смесата со миксер и потоа со рацете направете компактна смеса во форма на топка. Оставете да стои во фрижидер околу 30 минути до 1 час. Потоа извадете и со сукало истенчете ја смесата и со новогодишни калапи формирајте колачиња. Наредете ги колачите на хартија за печење и печете ги на температура од 180°С околу 10-12 минути.

За да ви биде појасна целата подготовка, погледнете го нашето видео.

Среќни празници!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *