Солена варијанта на моите омилени благи Овесни палачинки со банана.
Не можете да замислите колку се вкусни за јадење.
Можете да ги подготвите и за вашите дечиња (12+) и да им ги комбинирате со хумус, месо, салата, сирење или со било кое нивно омилено јадење.
Нутритивна вредност по палачинка:
- 107 калории
- 8 g јаглехидрати
- 7 g масти
- 3.4 g протеини
Состојки (од наведените намирници јас добив 8 палачинки):
- 1 часа овесни снегулки – ако сакате да се помазни палачинките можете во блендер да ги сомелете како брашно
- ¼ чаша маслиново масло
- 1 мала главица кромид
- неколку листови спанаќ – можете да ставите и повеќе
- 2 јајца
- зачини по желба: сол, црн бибер, оригано.
- ½ прашок за пециво (може да го замените со малку сода бикарбона)
Подготовка:
Јас најпрвин ги ставив во блендер овесните снегулки и направив убаво брашно од нив.
Во блендер ги соединувате и другите состојки: јајцата, маслото, спанаќот и кромидот. Кога ќе добиете убава хомогена смеса, истурете ја врз снегулките и убаво соединете.
На крај додадете го прашокот за пециво или сода бикарбоната и зачинете по ваша желба. Јас додадов хималајска сол, црн бибер и оригано.
Ги печев на загреано тавче за палачинки без масло и користев еден железен кружен калап за да имаат убава форма (што не е задолжително).
На крај можете да ги комбинирате со што сакате. Јас направив мини сендвичи со малку сенф, рендано сирење (може кашкавал), парче домат и неколку кругови пиперка.
За колку беше вкусно нема да коментирам 😊
Можеби ќе ве интересира:
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.