Есента е магична доба од годината, годишно време со идилични сцени, раскош од мириси и бои, живописни пејзажи, распослани есенски лисја и златести сончеви зраци. Мирисот на печена тиква и печени јаболка со цимет се можеби најзначајните мириси кои дефинитивно потсеќаат на есен.
Ги искомбиниравме во еден единствен здрав рецепт. 🙂
Кујната и целата куќа ќе ви замирисаат на есенско уживање. Рецептот е едноставен, а за вкусот нема да коментираме. Ви оставаме да направите сами и да пробате!
Потребни состојки:
- 200 g варена тиква
- 2 лажици мед
- ванила
- 50 g путер
- 2 лажици маслиново масло
- 1 јајце
- 250 g интегрално брашно
- 2 лажици пченкарно брашно
- 2 лажици овесни снегулки
- 50 g сува брусница
- 50 g сува смоква
- 50 g ситно сецкани ореви
- прашок за пециво
- за одозгора: кокосов шеќер/ванила/кокосови трошки
- на средината: 2 рендани јаболка, 2 лажици џем од вишни и јагоди и малку цимет.
Нaчин на подготовка:
Тиквата, медот, ванилата, путерот, јајцето и маслиновото масло ги соединуваме заедно во блендер.
Остатокот од состојките исто така ги мешаме, и на таа смеса ја додаваме блендираната смеса. Убаво соединуваме и ја делиме содржината на два дела. Половина од смесата ја ставаме во огноотпорен сад за печење па одозгора го ставаме филот од јаболка, џем и цимет. Врз филот ја ставаме и другата половина од смесата.
Печеме во загреана рерна на 180°С околу 40 минути.
На крај наросуваме со кокосов шеќер, ванила и кокосови трошки.
Рецептот можете да го погледнете и на мојот профил.
Уживајте!!! 🙂
Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука!








