Што ќе се случи со вашето тело ако секој ден се задржувате по 5 минути во позиција plank?

Споделете со пријателите

Plank е одлична вежба за целото тело која навистина може да ви заштеди многу време. Можете да ја правите било каде без никаква опрема. Оваа вежба е одлична затоа што ги активира мускулите на целото тело, со посебен акцент на мускулите на стомакот, грбот и рацете.

5 минути дневно plank е одличен начин за активација на телото и зацврстување на мускулите на стомакот. Доколку сте почетници секако дека не би можеле од старт да започнете со 5 минути, но започнете првин со 30 секунди до 1 минута и секој ден зголемувајте. Предизвикувајте го телото и постепено гледајте ги резултатите.

Ако бидете упорни, еве што би можеле да очекувате после 2 месеци:

Болката во грбот ќе ви исчезне

Оваа вежба е одлична за затегнување на мускулите на грбот кои имаат за цел да не држат исправено. Исто така доколку спаѓате во групата на луѓе кои постојано седат, ова е одличен начин да ги затегнете овие мускули и да го подобрите држењето. Сето тоа со текот на времето ќе ви помогне во намалување на болките и правилно и рамномерно обликување на мускулите на грбот.

Ќе го зацврстите стомакот

Plank-от е најубава вежба кога се во прашање стомачните мускули. Со 5 минути дневно plank во период од два месеци ќе имате видливи резултати во цврстината на абдоминалниот ѕид.

Подобрено држење на телото

Plank-от позитивно влијае на држењето на телото затоа што рамномерно ги зацврстува стомачни мускули и мускулите на грбот кои му даваат потпора на телото и го држат исправено. Цврст стомак значи добра потпора за ‘рбетот, стабилност и поддршка на грбот, вратот и рамењата.

Подобра флексибилност

Флексибилноста е способност која може многу да ви го подобри квалитетот на живот и да ви даде поголема виталност. Флексибилноста на мускулите и телото може да се постигне само кога сите мускули во телото се рамномерно развиени. Plank-от е вежба која активира повеќе групи на мускули и рамномерно го затегнува телото, но го прави и пофлексибилно.

Можеби ќе ве интересира: Зошто plank-от е совршена вежба за целото тело?

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *