Пита со кори од хељда и мелено мисиркино месо

Споделете со пријателите

Одличен начин да ги искористите прекрасните и вкусни кори од хељда кои можете да ги купите од сите подобро снабдени маркети.

Оваа пита со мисиркино месо и доматен сос е одличен предлог за појадок, но и за здрав и брз ручек.

Потребни состојки:

  • 250 g мелено мисиркино месо
  • 500 g кори од хељда
  • 100-150 g рикота (може да се замени со моцарела, урда, било какво сирење или кашкавал)
  • 2 поголеми домати (доколку брзате може и готово пире)
  • 1 морков
  • 1 кромид, може и млад
  • малку магдонос
  • сол и црн бибер.

Начин на подготовка:

Кромидот и морковот насечкајте ги на ситно или ставете ги во сецко. Потоа заедно со меленото мисиркино месо пропржете ги во огноотпорна тава која не лепи, пржете ги без масло. Кога месото ќе биде готово додадете ги ренданите домати или пак пирето од домати. Доколку сакате луто, можете да додадете и малку чили пиперка. На крај зачинете со малку сол и црн бибер.

Корите од хељда внимателно отворете ги и започнете го “филувањето” со сосот од мелено месо и рикота. Корите можете да ги завиткате на оној начин на кој вие најмногу сакате. Печете на температура од 180-200°С околу 20-тина минути. Кога ќе биде готово одозгора наросете малку магдонос за декорација.

Можеби ќе ве интересира: Пита со кори од хељда, моцарела и спанаќ.

За овој прекрасен рецепт и слики и благодариме на Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *