Здравствени придобивки од путерите од јатки

Споделете со пријателите

Путерите од јатки се калорични, но нутиртивно богати и здрави исто како што се и самите јатки. Навистина нема потреба да се грижите за калориите и мастите кои ги содржат затоа што благодарение на тоа ќе се задоволите со мала количина (1 лажица по оброк е доволна), но имајте на ум дека таа една лажица многу ќе ја зголеми нутитивната вредност на оброкот и ќе помогне во регулирање на апетитот. Дополнително на сето тоа се и сите други фитоактивни компоненти кои придонесуваат за здравствените придобивки од јатките и од путерите од јатки.

Внимателни треба да бидат луѓе со алергија. Алергијата на кикиритки за жал е многу честа во светот.

Можеби ќе ве интересира: Табела со нутритивни вредности на најупотребуваните семиња и јаткасти плодови во исхраната

Зошто да ги вклучите путерите од јатки во секојдневното мени?

  • Богат нутритивен состав

Путерите од јатки се полни со протеини, влакна и здрави масти. Тие содржат и витамин Е, Б6, фолна киселина, ниацин, магнезиум, цинк, калиум  и бакар.

  • Одлични се за контрола на тежината

Високата содржина на протеини, масти и влакна прави да го заситите апетитот со многу мала количина, како што пишав погоре, само 1 лажица. Тоа навистина може да ви помогне да јадете помалку и да внесувате помалку калории во текот на денот. Голем плус за путерите од јатки е што нема да го кренат нивото на инсулин во телото и полека ќе ја ослободуваат својата енергија, тоа ќе ве задржи сити долго време.

  • Содржат антиоксиданси

Јатките во себе содржат широка палета на витамини и минерали кои придонесуваат за антиоксидативната способност. Селенот, магнезиумот, витаминот Ц и Е, како и бројните флавоноиди, феноли, полифеноли и други супстанци работаа заедно синергистички обезбедувајќи голема антиоксидативна поддршка на организмот. Тоа е една од главните причини зошто јатките го подобруваат кардиоваскуларното здравје и штитат од канцер.

  • Помагаат за контрола на холестеролот

Иако содржат масти, јатките во најголем процент содржат здрави незаситени масти или омега 3 масни киселини кои помагаат за зголемување на “добриот холестерол” во телото кој има улога на “чистач” на  “лошиот холестерол” од ѕидовите на крвните садови.

  • Путерите од јатки се одличен извор на магнезиум и витамин Б7

 Магнезиумот е многу важен и неопходен минерал за нашето тело. Тој е пред се значаен за правилно функционирање на нервниот систем, за здравјето на коските, за контрола на шеќерот во крвта и за одржување на крвниот притисок. Исто така јатките содржат и голема количина на витамин Б7 или биотин кој е неопходен телото да може да ја искористи енергијата од мастите, протеините и јаглехдиратите кои ги внесуваме. Исто така биотинот е значаен во одржување на нивото на шеќер во крвта што придонесува за контрола на апетитот.

Путерите од јатки и здравјето на децата

Путер од јатки или мелени јатки е нешто што е задолжително во менито на мојата ќерка која моментално има две години. Како што спомнав погоре јатките содржат голем процент на протеини и здрави масти кои им се неопходни на децата за правилен раст и развој и тоа особено на мозокот. Исто така за раст и развој на децата им требаат калории, додавање и на само една мала лажичка путер од јатки во оброкот значи 70-80 калории плус заедно со уште многу други биоактивни компоненти.

Треба да бидете внимателни доколку постои фамилијарна историја на алергии на храна затоа што јатките се сепак многу алергени. Кај ќерка ми јас ги воведов јатките во исхраната кога имаше 11-12 месеци.

Како да ги користите путеретите од јатки?

Можете да ги користите и во солена и во блага варијанта.

Додадете 1 лажица во овесната каша, намачкајте на интегрално лепче, комбинирајте ги со урми или некое свежо овошје за ужинка, можете дури и да додадете во салата наместо масло.

Користете ги за подготовка на здрави десерти за ужина на цело семејство.

Ако ви фалат идеи за здрави оброци, на линкот подолу ќе најдете многу.

FITLIFE здрави рецепти

Секогаш кога купувате путер од јатки, задолжително читајте го составот. Ако видите дека има шеќер и некои непознати супстанци, тој путер не го купувајте.

100% приоден путер од кикиритки без никакви додатоци и путер од микс од јатки (мешавина од кикиритки, лешници и бадеми) можете да си нарачате од нашатa линија здрави фит производи – Fit Delights.

Кремот од мед, лешници и какако е совршениот оборк на кој нема да одолее ни едно дете.

Комбинацијата од мед, лешници и какао го прави овој крем совршен од нутритевн аспект и тоа особено за деца затоа што со 1 лажичка од кремот вие му давате на совето дете совршен баланс од нутритиенти, дополнително е самиот вкус кој навистина потсеќа на нутела.

Направете си нарачка тука и очекувајте ја на адреса за неколку дена.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *