Home Здравје Што редовното вежбање му прави на вашето тело и здравје?

Што редовното вежбање му прави на вашето тело и здравје?

64
0

Дали знаете што редовното вежбање му прави на вашето тело, здравје и ум?

Придобивките од редовната физичка активност се многу поголеми отколку што мислите. Кога би можеле научниците да направат таблетка со толку корисни ефекти колку што има редовното вежбање, сите луѓе на планетата би ја користеле таа таблета.

За да ве мотивираме да започнете со физичка активност што поскоро, еве неколку корисни ефекти кои сигурно ќе ги почувствувате доколку сте редовни, посветени и упорни.

1. Физичката активност ги намалува холестеролот и триглицеридите

Со текот на годините како што телото старее, започнува лесно да го таложи лошиот холестерол (LDL), а нивото на добриот холестерол во крвта опаѓа (HDL). Доколку подолго време холестеролот ви е над дозволените граници, тој полека и тивко си работи и ги оштетува и стеснува крвните садови, што предизвикува проблеми со кардиоваскуларниот систем и појава на артериосклероза.

Најдобар начин да го регулирате холестеролот е комбинација на здрава исхрана и физичка активност.

Постојат многу докази кои потврдуваат дека нивото на триглицериди кај луѓето кои вежбаат е значително помало во однос на оние кои не се физички активни. Триглицеридите се исто така поврзани со појавата на артериосклероза и стеснување на крвните садови што понатаму може да прогресира до посериозни проблеми со кардиоваскуларниот систем.

2. Низок ризик за зголемен крвен притисок

Како што старееме крвниот притисок се зголемува, а со тоа расте и ризикот од појава на срцеви и мозочни удари. Луѓето кои се физички активни многу полесно и поефикасно го регулираат крвниот притисок во однос на оние кои не се физички актив

3. Здрави крвни садови

За беспрекорно да функционира кардиоваскуларниот систем, потребно е крвните садови да имаат оптимална еластичност. За жал со текот на годините таа нивна еластичност се намалува и токму поради тоа се зголемува и крвниот притисок. Една од причините за намалување на таа еластичност е артериосклерозата, која кко што споменавме погоре, најчесто е предизвикана од високо ниво на холестерол и триглицериди во крвта. Редовната физичка активност ги шири крвните садови и ја поттикнува циркулацијата, со што ја подобрува нивната еластичност во голем степен. Гледано на долгорочен план, тоа би имало одлични ефекти врз работата на целокупниот кардиоваскуларен систем.

4. Намален ризик за рак на дебелото црево

Ракот на дебелото црево заедно со ракот на дојка се двата најзастапени облици на малигни заболувања меѓу општата популација. Се смета дека дури 80% од случаите кои се дијагностицирани со рак на дебелото црево можат да се спречат, затоа што причината за појава на овој тип на канцер лежи во стилот на живот, физичката активност и навиките во исхраната. Промена на животниот стил може да го намали ризикот за појава на рак на дебелото црево за 30-40%.

5. Појаки коски

Како што телото старее доаѓа до намалување на густината на коските и појава на остеопороза. Многу истражувања покажуваат дека редовната физичка активност во периодот од 40-та до 60та година од живото го намалува ризикот од остеопороза и проблеми со мускуло-склетниот систем во поодмината возраст.

6. Регулација на телесната тежина

Физичката активност ќе ви помогне за регулација на телесната тежина и за забрзување на метаболизмот во голем процент. Луѓето кои се физички активни имаат многу помалку проблем со вишок килограми во однос на оние кои имаат седечки начин на живот. Бидејќи физичката активност го забрзува метаболизмот, тоа има ефект и на долгорочен план, па доколку краток период од животот сте физички неактивни, а претходно сте биле долг период физички активни, нема така лесно да ги качите килограмите доколку се опуштите малку и со исхраната, затоа што метаболичката рата во телото е веќе крената на високо ниво.

7. Подолг живот

Активните луѓе имаат подолг и поквалитетен живот. Физичката активност го подобрува квалитетот на живот во повеќе аспекти. Таа делува позитивно на менталното здравје, на самодовербата и на стресот, што придонесува за подобрување на квалитетот на живот. Дополнително вклучувајќи ги и сите погоре споменати придобивки.

Колку физичка активност е потребна?

Одговорот на ова прашање би бил следен: Колку повеќе, толку подобро!!!

Согорување на барем 1000 калории на неделна база придонесува за подобрување и унапредување на вашето физичко и ментално здравје.


Ако сакате да ги почувствувате на своја кожа придобивките од редовната физичка активност, тогаш задолжително посетете ги нашите студија за Аеробик, Пилатес и Јога.

Лоцирано на две локации во Скопје (Аеродром). За подетални информации побарајте не на телефон 071 273 982 или 070 303 140.

Тука сме за Вас, да Ве мотивираме, насочиме и да Ви помогнеме да си го промените животниот стил. Кај нас нема да добиете само одличен тренинг, туку и супер мотивација и многу совети поврзани со исхраната и здравиот начин на живот! 🙂

Можеби ќе Ве интересира повеќе за нас:

Се гледаме на тренинг!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here