Права летна салата која ќе ги задоволи сите ваши потреби: ќе ве освежи и хидирира, ќе ве засити, но ќе ве обезбеди и со доволно пробиотици и протеини за убав почеток на денот.
Времето за подготовка на оваа вкусна салата е помалку од 10 минути.
Потребни состојки за 2 порции:
- околу 100 g бело грозје
- околу 100 g црно грозје
- 1 помало јаболко
- 1 лажица лимонов сок
- 1 лажица мелени или цели бадеми
за прелив:
- 100 ml јогурт
- 1 лажичка цимет.
Начин на подготовка:
Белото и црното грозје исечете ги на половини и ставете ги заедно во чинија, јаболкото исто така исечете го на коцки и додадете го во чинијата со грозјето, овошјето прелијте го со лимоновиот сок и убаво измешајте. Врз него ставете ги мелените или крпени бадеми и ставете го јогуртот. На крај одозгора наросете го циметот.
Нутритивни вредности по порција:
215 калории, 39 g јаглехидрати, 5.7 g масти и 4.8 g протеини.
Уживајте!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.