Омилена освежувачка комбинација за најбрз леден десерт ми е јогурт и овошје.
За подготовка на овој сладолед ви требаат 3 минути, доколку не го сметаме времето потребно за замрзнување. Јас користам силиконски калапи за сладолед на стапче, но можете да го ставите и во силиконски калапи за мафини. Кога немав вакви калапи за сладолед ги користев тие од мафините. Од количината напишана подолу јад добив 4 сладоледи.
Потребни состојки:
- 1 банана
- 150 ml Баланс+ јогурт
- 150 g јагоди
- 2 лажици мелени лешници (може и путер од лешници).
Начин на подготовка:
Ставете се во блендер и потоа само ставете ја смесата во калапчињата. Оставете го сладледот во замрзнувач минимум 2 часа.
За декорација направив домашно црно чоколадо.
Измешав 1 лажица какао, 2 лажици кокосово масло и 1 лажица мед. На пареа ја соединив смесата и ставив врз сладоледите.
Дополнително наросив и малку мелени лешници.
Не можам да опишам колку освежува и хидрира.
На здравје!











