Home Предизвици 30 дневен смути предизвик 30 дневен смути предизвик – Ден 8

30 дневен смути предизвик – Ден 8

8
0

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 8

Смути со целер и банана

Ви го препорачуваме ова смути за утринско освежување и детоксикација. Големото количество на вода и природните соли во целерот ќе помогнат во хидратација на вашето тело. Ова ќе ја освежи вашата кожа и ќе им помогне на бубрезите да започнат со работа. Големата концентрација на диететски влакна ќе му помогне на дигестивниот систем подобро да функционира преку целиот ден. Дополнително ова смути е ниско-калорично, а ќе ве одржи сити неколку часови. Совршено за оние кои се обидуваат да намалат неколку килограми .

Што ви е потребно?

  • 1/2 банана
  • неколку листови целер или спанаќ
  • 1/2 зелено јаболко
  • 1 кива
  • 1 лажица ленено семе (користете мелено ленено семе)
  • 200 ml вода

Како да го подготвите?

Ставете ги сите состојките во блендер и убаво измешајте. Добиената смеса ставете ја по чаша и послужете со стебло целер или парче лимон.

За крај уживајте 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here