Состојки:
- 1 јајце
- 100 g овесно брашно (или оризово, интегрално, може и безглутенско)
- 100 ml јогурт
- 80 g пире од јаболка (или тиква) *ако немате пире може да искористите пасирана банана
- 1 лажичка прашок за пециво
- мешавина од јаткасти плодови и семки.
Начинот на подготовка можете да го погледнете на видео. Многу е лесно и брзо.
Се печат во загреаната рерна на 180ºС околу 25-30 минути. Печете ги во силиконски калапи без масло за да можете лесно да ги извадите. Ако немате силиконски секако може и во хартиени.
На здравје!
Рецептот, сликата и видеото се на Елена Ѓорѓиевска.








