Уште една идеја за појадок од вкусната и здрава кујна на Елена.
Состојки:
- 1 морков (изрендан)
- 1 јаболко (изрендано)
- 1 јајце
- околу 5-6 лажици овесно брашно
- суво грозје за блажина
- 1 лажица маслиново масло.
Начинот на подготовка е многу едноставен.
Сите состојки добро соединети ги. Ако смесата е малку сува што ќе зависи од тоа колку сок ќе пушти јаболкото, додадете малку вода, ако пак е многу ретка додадете уште малку брашно.
Се печат на загреано тавче што не лепи како стандардни палачинки.
На здравје !
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.