Дали тренингот на празен стомак има навистина голем ефект во топењето на мастите?

Споделете со пријателите

Вежбањето на празен стомак согорува најмногу масти!

Два главни извори на енергија кои телото ги користи во текот на физичката активност се глукозата односно гликогенот и мастите. Од нив се добива енергијата која е потребна за да настанат мускулните контракции. За тренинг со умерен интензитет телото користи 50-60% енергија од гликогенот, а остатокот ја користи од мастите.

За време на тренингот кога телото нема веќе гликоген кој го користи како примарен извор на енергија, започнува со трошење и согорување на мастите.

Истражување:

Направено е истражување каде учесниците имале задача да возат статичен велосипед во времетраење од 60 минути со умерен интензитет. Едната група учесници вежбале на празен стомак, а другата група го направила тренингот после внес на глукоза и тоа 0.8 g/kg телесна маса со цел да ги обноват гликогенските резерви еден час пред тренингот.

После 30 минути вежбање стапката на согорување масти била многу поголема кај тие кои вежбале на празен стомак.

Покрај тоа во крвта на оние кои вежбале на празен стомак биле детектирани многу повеќе слободни масни киселини што дополнително го потврдува фактот дека вежбањето на празен стомак предизвикува мобилизација на мастите од масното ткиво и во голем процент го поттикнува согорувањето на истите.

Што точно се случува кога вежбате на празен стомак?

Интензивна активност на празен стомак може навистина да согори голем процент на масти. Утринската активност која бара активирање на целиот организам на самиот старт од тренингот користи најмногу енергија од гликогенот во мускулите и црниот дроб, но кога гликогенските резерви ќе се потрошат нивото на глукоза во крвта опаѓа и може да дојде до појава на замор, намалена координација, а кај некои луѓе и главоболка. Тоа се случува затоа што организмот не може со иста брзина да ги претвора мастите во енергија како што тоа го прави од глукозата.

Но, сепак телото е многу памета машина и тој премин може да помине и сосема незабележано од наша страна.

Утринскиот тренинг покрај тоа што ќе ви помогне за побрзо согорување на масти и слабеење ќе ве направи и помотивирани, поконцентрирани и поефикасни во текот на целиот ден.

За да станете свесни за што станува збор, едноставно мора да пробате какво е чувството кога вежбате рано наутро!


Нашето студио FitLife Fitness Studio нуди утрински тренинзи на локација Кисела Вода.

За повеќе информации и резервирање на место контактирајте не на телефон: 071 273 982 или 077 766 950.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *