Оброкот после тренинг е најважниот оброк во текот на денот, тој треба да биде комбинација од хранливи нутритиенти и пред се протеини кои ќе ви помогнат за полесна регенерација на мускулите.
Оброкот после тренинг е важен за:
- надоместување на потрошениот гликоген,
- намалување на процесот на разградување(катаболизам) на протеините,
- зголемување на синтеза на протеините.
Што ќе се случи со вашето тело доколку не јадете после тренинг? – повеќе прочитајте тука.
Ова протеинско смути е совршен спој на хранливи нутритиенти, јаглехидрати, протеини и витамини кои се неопходни за обнова на потрошените залихи на гликоген и полесно закрепнување и регенерација на мускулното ткиво.
Потребни состојки:
- 20 g протеинска сурутка
- 250 ml вода
- 1 банана
- 1 лажичка какао
- 1 лажичка маџун
- 1 лажичка таан од интегрален сусам
- малку замрзнати бобинки.
Начин на подготовка:
Ставете се во блендер и уживајте!
На здравје!








