Дојде тоа време од годината кога сите сакаме да уживаме во ледено задоволство. Овој сладолед е во исто време и кремаст и освежувачки. Се подготвува од само 4 состојки и тоа за рекордно брзо време.

Состојки:
- 1 замрзната банана
- 100 g индиски ореви (киснати во вода околу 2 часа)
- 7-8 урми (киснати во вода околу 2 часа)
- 100 g замрзнати боровинки.
Начинот на подготовка можете да го видите на видеото. Стиснете ни subscribe на youtube за да бидете во тек со сите наши нови видеа.
Еден сладолед содржи:
- 210 калории
- 26 g јаглехидрати
- 11.3 g масти
- 5.3 g протеини
- 3 g влакна
Видеото и овој пат е направено во соработка со @vestaproduction кои се вистински уметници кога е во прашање видео или слика. Ако не ги следите стиснете им follow на Инстаграм задолжително 😊









