Десерт кој се топи во устата и ви ги активира сите сетила. Кремаста структура со чоколаден прелив која е неодолива за секого.
А дали знаете колку е едноставно за подготовка?
Полесно од што мислевте.
Мелете, мешате и за помалку од половина час имате неодолив десерт кој сигурна сум дека ќе ви стане еден од омилените десерти.
Потребни состојки (за 24 бајадери):
- 180 g овесни колачиња – Super Cookies Vitalia (мелени)
- 125 g мелени бадеми
- 125 g мелени лешници
- 100 g стопен путер
- 5 лажици јаворов сируп – Vitalia
- 100 ml вода
- 3 лажички какао.
за чоколаден прелив :
- 100 g темно чоколадо (со минимум 75% какао)
- многу малку вода
- многу малку маслиново масло.
Начин на подготовка:
Најпрвин ги мелеме овесните колачиња, бадемите и лешниците. Потоа во длабок сад ги мешаме сите состојки заедно, освен какаото.
Смесата ја делиме на два дела, во едниот дел го ставаме какаото и мешаме.
Потоа садот во кој планирате да ја правите бајадерата премачкајте го со маслиново масло. Ставете го темниот слој, па оставете кратко во фрижидер да се стегне. Потоа ставете го и светлиот слој.
На крај ја подготвуваме глазурата. На пареа го топиме чоколадото заедно со малку вода и маслиново масло. Ја ставаме рамномерно глазурата врз бајадерата и оставаме во фрижидер да се стегне.
Ја сечеме бајадерата на еднакви коцки. Од наведената содржина на намирници се добиваат околу 24 парчиња.
Нутритивни вредности по парче (вкупно 24 парчиња):
173.8 калории, 11.6 g јаглехидрати, 13.1 g масти и 2.84 g протеини.








