Здравствени придобивки од пробиотиците

Споделете со пријателите

Што претставуваат пробиотиците?

Човечкото тело е домаќин на трилиони живи бактерии од кои најголем дел живеат во цревата. Бактериите од цревата се дел од микробиомот на секоја личност и тој микробиом е единствен и уникатен за секој од нас. Многу истражувања укажуваат на фактот дека човечкиот микробиом е многу значаен за целокупното здравје на една индивидуа и е поголем предиктор за здравјето отколку гените.

По дефиниција, пробиотиците се живи микроорганизми како бактерии и квасци кои можат да се внесат во телото на домаќинот и да имаат здравствени придобивки. Со колонизирање на цревата со „добри“ бактерии, може да дојде до балансирање на микробиомот.

Пробиотските бактерии ги има во храната и во суплементи, односно во додатоци на исхрана.

Типови на пробиотици

Зборот „пробиотици“ е општ и се користи за означување разни видови микроби. Многу често во додатоците на исхрана, но и во храна која е збогатена со пробиотици, се мешаат два или повеќе индивидуални видови на квасци или бактерии. Покрај тоа, некои пробиотици содржат и „пребиотици“ кои можеме да ги замислиме како храна за пробиотиците. Кога во еден препратат се присутни и пробиотици и пребиотици, станува збор за симбиотична формулација.

Различните видови на пробиотици и нивните здравствени придобивки зависат од улогата која пробиотските бактерии ја имаат во гастроинтестиналниот тракт.

Најпознати соеви на пробиотски бактерии кои ќе ги сретнете во додатоците на исхрана или во храната која е збогатена со пробиотици се следните:

  1. Lactobacillus

Постојат повеќе од 50 видови на лактобацили. Ти природно се присутни во дигестивниот, уринарниот и гениталниот систем. Ферментираната храна како јогурт, но и пробиотските суплементи скоро секогаш го содржат овој сој на бактерии.

Lactobacillus се користи за третман и превенција на многу дигестивни проблеми.

Најпознатите видови на лактобацили кои се наоѓаат во некои видови храна и суплемети се: Lactobacillus acidophilusL. acidophilus DDS-1, Lactobacillus bulgaricusLactobacillus rhamnosus GG, Lactobacillus plantariumLactobacillus reuteriLactobacillus salivariusLactobacillus caseiLactobacillus johnsonii, and Lactobacillus gasseri.

  • Bifidobacteria

Постојат приближно 30 видови бифидобактерии. Тие се всушност најголемиот дел од микробиомот во дебелото црево. Се јавуваат неколку дена по раѓањето кај бебињата. Колонизацијата на микробиомот во цревата на новороденчињата се случува побрзо кај оние бебиња кои се родени спонтано и се доени со мајчино млеко.

Бифидобактериите се најдобриот маркер за здравјето на цревата.

Најзначајни видови се следните: Bifidobacterium bifidumBifidobacterium lactisBifidobacterium longumBifidobacterium breve, Bifidobacterium infantisBifidobacterium thermophilum и Bifidobacterium pseudolongum.

Многу научни студии правени во последните неколку години укажуваат на тоа дека бифидобактериите можат да помогнат во регулирање на нивото на масти во крвта и во регулирање на шеќерот заедно со подобрување на инсулинската резистенција. Исто така научните сознанија упатуваат на тоа дека бифидобактериите можат успешно да ги намалат или елиминираат симптомите присутни кај синдромот на нервозни црева како што се болката, дигестивните нарушувања, подуеноста и гасовите. 

  • 3.      Saccharomyces boulardii

S. boulardii спаѓа во групата на квасци. Научните студии упатуваат на тоа дека овој пробиотик е ефикасен за третман на патничка или дијареја предизвикана од антибиотици. Исто така постојат докази дека S. boulardii ги намалува несаканите ефекти од третманот за H. pylori.

  • Streptococcus thermophilus

Овој вид на пробиотски бактерии произведуваат големи количини на ензим лактаза и според некои студии и извештаи можат да се користат за превенција на интолерантност на лактоза. Речиси секогаш се присутни во јогуртот затоа што најчесто Streptococcus thermophilus се користи како стартер култура при производството на јогурт.

  • Enterococcus faecium

Овој вид на пробиотски бактерии е нормално присутен во интестиналниот тракт на луѓето и животните.

Секој вид на пробиотски култури си има своја улога и функција и затоа е многу важно да се консумира комбинација од пробитски бактерии и квасци за најоптимални здравствени придобивки.

Јадењето разновидна млечна храна или додатоци во исхрана богати со пробиотици може да ги подобри добрите бактерии во цревата, да го подобри здравјето и да го намали ризикот од заболувања.

Колку пробиотици ни се потребни?

Количината потребна за здравствени придобивки од пробиотиците варира во голема мерка, во зависност од видот на пробиотикот и посакуваниот здравствен бенефит. Различни пробиотици се ефикасни на различни нивоа, некои пробиотици се ефикасни на ниво од 50 милиони живи клетки на ден, а други на повеќе од еден трилион. Јогуртот обично содржи помеѓу 100 милиони и 10 милијарди живи пробиотици по порција.

Бидејќи пробиотиците не остануваат трајно во дигестивниот систем, обично се препорачува нивен дневен внес.

Каде се ги има пробиотиците?

Пробиотиците ги има во храна или во додатоци на исхрана. Суплементите односно додатоците вообичаено содржат поголема концентрација на пробиотици, но од друга страна пак храната која содржи пробиотици може да има и други нутритивни придобивки.

Пробиотиците најмногу ги има во ферментираните млечни производи, во ферментиран зеленчук, комбуха и слично. Сепак кога не сте сигурни дека внесувате доволно пробиотска храна на дневно ниво, добро е одвреме-навреме да внесувате пробиотици и во форма на суплементи со цел поддршка на микробиомот.

Пробиотиците и гастроинтестиналното здравје

Пробиотиците имаат позитивно влијание врз различни гастроинтестинални нарушувања. Тие се користат рутински за да се намали дијарејата поврзана со земање антибиотици и кај возрасни и кај деца. Одредени пробиотици можат да помогнат во намалување на симптомите на синдром на нервозно црево и исто така можат да го инхибираат и растот на Helicobacter pylori (бактерии кои го колонизираат желудникот и можат да предизвикаат чиреви и рак на желудникот).

Пробиотиците и интолерантноста на лактоза

Луѓето со нетолеранција на лактоза честопати консумираат јогурт без некои потешкотии, а тоа е така затоа што јогуртот најчесто содржи Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus кои помагаат во дигестијата на лактозата.

Some Tips for a Happy Gut This Christmas - Swissphysio

Пробиотиците и имунитетот

Силниот имунолошки систем е важен за сите нас, а пробиотиците можат да играат значајна улога во подобрување на неговата функција. Една студија на возрасни кои консумирале јогурт со неколку бактериски соеви покажала дека консумирањето на пробиотиците значително ја намалува зачестеноста на горните респираторни инфекции и симптомите слични на грип. Кај децата од предучилишна возраст кои консумирале јогурт и пробиотици на дневна база дошло до намалување на симптомите на настинка и грип и намалување на пропуштените училишни денови заради болест.

Пробиотиците и ризикот од дебелина и хронични заболувања

Многу научни докази укажуваат на тоа дека микробиомот во цревата има многу значајна улога кога е во прашање развојот на дебелина и инсулинска резистенција. Дебелината и развојот на дијабетес тип 2 се асоцирани со промени во микробуомот. Употребата на пробиотиците заедно со промена на животниот стил за третман на овие хронични состојби може да даде одлични резултати.

Пробиотиците и менталното здравје

Влијанието пробиотиците врз менталното здравје е една од поновите области на истражување. Научните веруваат дека постои силна врска помеѓу цревата и мозокот што може да влијае и на физичкото и на менталното здравје.

Научните истражувања за пробиотиците се во подем, нови студии се достапни секојдневно и сите тие се во насока на тоа дека пробитиците имаат огромно влијание врз нашето целокупно здравје.

Важно е да бидеме сигурни дека на дневна база внесуваме доволно пробиотици. Доколку не консумирате доволно ферментирани млечни производи користете квалитетни додатоци кои содржат пробиотски култури.

Одлично формулирани пробиотски додатоци во исхрана се PROBIOTIC и PROBIOTIC FORTE на Хемофарм.

Овие додатоци во исхрана содржат внимателно одбрани видови на пробиотски бактерии во количина доволна за да се спречат проблемите со гастроинстениналниот тракт.

Произведени се со единствена технологија благодарение на која е обезбедена дополнителна стабилност и ефикасност на препаратот.

Пробиотските соеви кои се дел од овие препрати се создадени како резултат на повеќе од 80 години истражување и исполнуваат најстроги критериуми во однос на технологијата на производство, квалитет и ефикасност.

Внимателниот избор на соеви овозможува взаемна компатибилност и ефикасност. Технолошкиот процес на микроенкапсулација им овозможува на пробиотските бактерии да ја зачуваат виталноста и ефикасноста веднаш по нивното внесување во организмот.

Probiotic Forte е наменет за употреба во услови на присуство на патогени микроорганизми и содржи поголема концентрација на пробиотски бактерии.

Probiotic® forte 10KAPS – Zdravstvena ustanova Pharmanova

Probiotic е наменет за деца и возрасни кај кои постои ризик од нарушена пробитоска рамнотежа во дигестивниот тракт или кога е потреба обнова на микробиомот како резултат на употреба на антибиотици или неправилна исхрана.

Овие препарати можете да ги најдете во било која подобро снабдена аптека.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *